Македонски винарии на Меѓународниот саем во Дизелдорф

Вкупно 11 винарии од Македонија, Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Езимит, Попов, Мовино, Ројал и Сопот, учествуваат на годинашниот Саем за вино „ProWein“ во Дизелдорф, Германија, што се одржува од 19 до 21 март. И оваа година министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) го поддржа учеството, а при претставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на нашиот најголем репрезент, сортата Вранец со кој може да се запознаат многубројните дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет. „ProWein“ е водечки меѓународен Саем за вино и…

повеќе...

Македонија користи искуства на Германија, Полска и Хрватска во ЕУ-интеграцијата

Препораки за унапредување на меѓуминистерската организација, координацијата и управувањето со ИПА фондовите и подготовка на националната верзија на правото на ЕУ, се дел од резултатите на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција“. Спроведен е од Секретаријатот за европски прашања и конзорциумот од три земји членки на ЕУ – Германија, Полска и Хрватска, а во него беа вклучени и експерти од Бугарија. На денешната конференција по повод затворањето на твининг проектот се обрати вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми, кој истакна дека…

повеќе...

Германското МНР го поздрави одложувањето на изборите и бара повлекување на аболицијата

Германското министерство за надворешни работи денеска ја подзрави одлуката на Собранието за „повторно одложување“ на изборите и повика на спроведување на кредибилни реформи, како и итно повлекување на одлуката за аболиција на политичари што претседателот Ѓорге Иванов ја донесе минатиот месец. „Ја поздравуваме одлуката на македонскиот парламент за повторно одложување на парламентарните избори кои беа закажани за 5 јуни. Ова ќе им овозможи на партиите да го поправат загрижувачкиот развој на настаните од изминатите неколку месеци и да ја вратата државата на европскиот пат. Сепак, одложувањето на изборите мора да…

повеќе...

Иванов: Во иднина ќе се занимаваме со безбедносниот аспект на мигрантската криза

Безбедносниот аспект на бегалската кризата е она што во идните години ќе не преокупира. Многу од борците во ИСИЛ веќе го користат бегалскиот бран за да ги напуштат боиштата и да се протнат меѓу бегалците. Тоа сега го отвора прашањето како службите ќе соработуваат, како ќе ги наоѓаат тие лица и како ќе се справуваат. Ова го изјави претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов во Минхен, каде учествува на 52. Минхенска безбедносна конференција. Со хуманитарниот аспект на кризата, како што рече претседателот Иванов, се справуваат меѓународните организации, ОН, УНИЦЕФ…

повеќе...

Делегација на Општина Охрид во работна посета на Визмар – Германија

Делегација на општина Охрид предводена од Претседателот на советот на град Охрид, Гордана Коњановска, престојува во работна посета на градот Визмар, Германија. Во состав на делегацијата се и секретарот на општината, Димитар Спасески и Горан Мицкоски од Секторот за туризам и локален економски развој. Покрај средбите со претставници на градот Визмар и размената на искуства во врска со функционирањето и поставеноста на градската управа, основна тема на дискусија е разгледување на можностите за туристичка соработка помеѓу градовите Охрид, Струга и Поградец преку реализација на проекти кои ќе овозможат збогатување на…

повеќе...

Заев: Победуваме, Ја враќаме еднаквоста!

Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Завршната конференција, „16 денови женски активизам – Сина панделка, борба против родово базирано насилство“ . „Ова е најубавата сала во моментов во Македонија. Мои дами, почитувани социјалдемократки, благодарам на поканата. Овие 16 дена активизам, коишто ја дрмнаа Македонија, проговоривте силно. Многу ретко кој зборува за женскиот активизам, за семејното насилство и за сите отворени прашања коишто се уште во ова ниво на развој Македонија ги има достигнато. Секако, присутни се во нашето општество, а во вака режимски поставено општество со оваа видлива диктатура,…

повеќе...

Охрид, Струга и Поградец ќе бидат презентирани во Визмар-Германија

Туристичките потенцијали на крајезерските градови Охрид, Струга и Поградец, во месец февруари идната година, ќе бидат презентирани во Визмар во Германија. Ова беше најавено на денешната средба на заменик градоначалникот Ангел Јанев и претставникот на Секторот за туризам и локален економски развој Горан Мицкоски со Фридер Вајнхолд, претседател на Христијанската хуманитарна организација од Визмар во Германија. Во рамките на промоцијата, како што беше речено на средбата, би се одржале средби со раководството на Визмар, град кој исто како и Охрид е под заштита на УНЕСКО, а се планира и потпишување…

повеќе...

Охридската туристичка понуда презентирана во Германија

Туристичката понуда и традиционалните вредности на Охрид беа презентирани на саемската манифестација за традиционална култура и туризам што од 7-ми до 9 –ти ноември се одржа во Нојкирхен, Сојузна Република Германија. Презентацијата на Охрид како туристичка дестинација со широка палета на туристички производи, предизвика голем интерес кај посетителите на манифестацијата при што најголем број од прашањата беа во насока на можноста да се користат директни авионски линии за Охрид. Во состав на активностите беше разговарано и за воспоставување на партнерска соработка помеѓу Охрид и Нојкиршен меѓутоа и со градот партнер…

повеќе...

Германска поддршка за реконструкција на детското игралиште кај каналот „Студенчишта“

Со потпишување на договор за финансирање помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески , амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија Н.Е. Кристине Алтхаузер и директорката на ЈУДГ „Јасна Ристеска”, Розе Костеска денеска во просториите на германската амбасада во Скопје, се официјализира почетокот на проектот за обнова и реконструкцијата на детското игралиште кај каналот„ Студенчишта“. Според договореното за реализација на проектот Германската амбасада и доделува гранд на општина Охрид во вредност од 485,259.00 денари или 7 909 евра. Од овие средства 425,259.00 денари ќе бидат наменети за набавка и инсталацијата на нови…

повеќе...

Раководството на СДСМ се сретна со амбасадорките на Белгија, Германија и Франција

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и од генералниот секретар Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорките на Кралството Белгија Аник Ван Кастлер, на Република Германија Кристине Алтхаузер и на Република Франција Лоренс Оер. Тема на разговорт беа очекувањата за можно придвижување на разговорите помеѓу политичките субјекти кон преговарачки процес за специфичната политичка клима и длабоката политичка криза во Република Македонија. „Преодна влада е решение за актуелната ситуација во Македонија, а со тоа и за проблемите на коишто во повеќе извештаи наназад укажуваат Европската Комисија,…

повеќе...