ВМРО-ДПМНЕ: Црквата е доволно моќна и силна институција која сама ќе одлучува што треба да прави со својот имот

Во врска со соопштението на ВМРО-НП Охрид, кое денес беше испратено до медиумите, реакција испрaти ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која се вели:

„Членови на ВМРО-НП, жално и траги комично  е  што  обидувајќи се  самоволно да ја преземете улогата на портпароли на институција  како што е Македонската Православна Црква, со која вие немате никакви  допирни точки, станувате уште пониски пред македонската јавност  која знае дека со вакви соопштенија вие настојувате да добиете ниски политички поени.

Ние веруваме дека и вие сте доволно свесни и знаете дека со вашето заминување од владејачките  структури  во кои  секогаш бевте , епитетично кажано, нечии “приврзоци“ замина и времето на незаконски и  нелегитимни   дејствија.

Црквата како сопственик на земјиштето околу манастирскиот комплекс „Св. Наум“  е и доволно моќна и силна институција која сама  ќе одлучува  што треба да прави со својот имот.

ВМРО-ДПМНЕ,  водена од  демохристијанските принципи секогаш имала коректен и фер однос со Македонската Православна Црква и во понатамошното  зацврстување на таквите односи никогаш не биле потребни никакви посредници или тутори  кои само сакаат да ја изобличат реалноста и без потребно   да  го политизираат случајот.

Дозволете им на институциите  како  досега така и од сега да работат согласно пропишаните закони и норми кои и прилегаат  на демократска и правна држава како што е Република Македонија.“– стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.