Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јуни 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4.8%, а кај аутпутот е намален за 5.4%.
Во јуни 2014 година, во споредба со јуни 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 95.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.9.
Во делот аутпут, во јуни 2014 година, во споредба со јуни 2013 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 92.7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99.2.