Индекси на цените во земјоделството, јуни 2014

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јуни 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4.8%, а кај аутпутот е намален за 5.4%.

Во јуни 2014 година, во споредба со јуни 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 95.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.9.

Во делот аутпут, во јуни 2014 година, во споредба со јуни 2013 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 92.7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99.2.