ЈП „Охридски Комуналец“ деноноќно го собира и транспортира сметот

Одделението „Услужна хигиена“ кое е дел од ЈП „Охридски комуналец“, за време на летната туристичка сезона, деноноќно врши собирање, подигање, транспортирање и депонирање на комуналниот отпад, собирање, подигање, транспортирање и депонирање на друг вид неопасен отпад од физички лица и правни субјекти.

Од 01.07.2014 год. воведена е и трета смена за подигнување на отпадот, а ангажирани  се дополнително уште три возила. Едното дополнително  возило кое е од мал обем оперира во втора смена само во страиот дел од градот и го подигнува отпадот. Во трета смена се ангажирани уште две возила. Динамиката на подигање на отпад е интензивирана во најфреквентните  реони, односно на улиците „Македонски просветители“, булевар „Туристичка“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“ и „Кеј Маршал Тито“.

Од хотелите и туристичките приградски населби отпадот  се подига секојдневно, а возилата се ангажирани и во вечерните часови. Во летниот период е активирана  служба за секојдневно подигање на зелен и кабаст отпад кој се депонира покрај контејнерите и други локации.

Услужната хигиена се одржува на подрачјето на градот Охрид, викенд- населбите и селата Св.Стефан, Лагадин, Елешец, населбата Исток, Пештани, Трпејца, Љубаништа, Подмоље, Долно Лакочереј,  Горно Лакочереј, Рача, Коњско, Косел, Ливоишта, Орман, Вапила, Опеница, Куратица, Велгошти , Лескоец, Елшани, Рамне и Велестово.

Динамиката на подигнување на комуналниот отпад е дефинирана по денови и реони, каде услугите се димензионирани според потребите на градот, френквентноста на населението и сообраќајот и досегашното искуство. Така во одредени денови се подигнува секојдневно , а во другите делови два пати или еднаш неделно, притоа се опфатени и приградските населби. Во туристичките населби подигањето се интензивира во летниот период.