Со цел да се укаже на значењето на културните вредности кои се наша придобивка и како такви мора да ги негуваме, Општина Охрид и годинава застанува односно финансиски поддржува низа културни манифестации кои се одржуваат во Охрид.
Меѓу културните настани кои во наредниов летен период не очекуваат а зад кои застанува Општина Охрид се,културно забавното лето во Трпејца „На зајдисонце“, традиционалната вечер на Живко Чинго, фестивалот на ново компонирани народни песни „Песна на летото“, Поетската ноќ во Велестово , Илинденскиот марш , фестивалот „Охридски Трубадури“, Фестивалот на духовна музика и хорови „Св. Климент Охридски“, Охридскиот хорски фестивал, изложбата на академскиот сликар Славко Упевче ,„Исчезнатиот Охрид“ како и други уметнички изложби.
Локалната самоуправа финансиски ќе поддржи и други културни проекти кои треба да се реализираат во текот на 2014 година а меѓу нив се годишните концерти на родно крајни ансамбли на народна музика, меѓународниот проект “Млади музика спорт“. Општината ќе застане и зад електронската монографија за Охрид која е проект на продукциската куќа „Трето уво“,ќе даде поддршка и за документарниот филм „Поет на мал народ“, а ќе учествува со свои средства и во проектите за заштита и конзервација на икони.
Изминатиов период Општината го помогна реализирањето на фестивалот на народни песни „Спасовден“, а придонесе и во одржувањето на Францускиот филмски фестивал и „Охридско Лето“.
Секако, Локалнана самоуправа застанува и зад секој проект кој е дел од нејзината годишна програма за култура.