Расчистена зелена депонија на „Ванчо Питошески“- се косеше во Рача и кај „Проаква“

По налог на општинскиот Инспекторат ЈП „Охридски Комуналец“ изврши расчистување на локацијата која се наоѓа на ул. „Ванчо Питошески“ во близина на градинката „Лихнида“. Надвиснатото и неуредено зеленило кое се ширеше од оваа локација и се наоѓа на приватен имот претставуваше опасност во движењето на пешаците и автомобилите. Беше расчистен зелен отпад во енормни количини: трње, капини и гранки , кои се транспортирани во три тури.

Во рамките на тековните активности се изврши косење на тревата на ул. „Булевар Туристичка“ во близина на дирекцијата на „Проаква“ и косење на тревата околу сите пристапни патеки во с.Рача.

73647