Ревреднување на имотот на територијата на општина Охрид

Локалната самоуправа, согласно законските прописи, врши процес на ревреднување на имотот на територијата на општина Охрид. Стапката на данокот на имот е непроменета и изнесува 0,10 отсто, а целта на оваа активност е точно да се утврди вредноста на имотот.

Во периодот од октомври 2013 година до 11 јули 2014 година на подрачјето на општина Охрид извршено е ревреднување на 403 згради со 11.962 станови,390 деловни простори и 328 гаражи.

Со ревреднувањето на имотот се става крај на честата појава кога граѓаните пријавувале помалку имот. Сега проценките не ги прават сопствениците туку овластени проценувачи кои се вработени во општина Охрид, со што се исклучува можноста за злоупотреби  и се создаваат услови за поголема даночна дисциплина во оваа област.