Се подготвува теренот за пазарот на големо

Од ЈП „Градски пазар“ информираат дека  во тек е постапката за скоро започнување со работа на пазар на големо.Пазарот на големо ќе биде организиран до новата автобуска станица, на просторот кој го користеше ЈП „ Охридски комуналец“. 

Во моментов се врши чистење и уредување на површината, а потоа ќе се пристапи кон обележување на продажните места и поставување на потребната инфраструктура. Паралелно се води постапка за комплетирање на документација за непречено реализирање на овој проект .

Планирано е на пазарот да се сместат од  25 до 30 камиони, од кои ќе се врши продажба на големо, како и неколку тезги за продажба на мало.

Пазарот ќе работи секој ден 07до 21 часот .