Грчките туристички работници обидувајќи се да ја надоместат ланската лоша сезона, охрабрени од зголемениот број туристи годинава значително ги зголемуваат цените. Само во јули цените во хотелите се повисоки за 13,5 отсто во однос на минатата година.
„Хотелските цени се еднакви на понудата и побарувачката. Растот на цената просечно расте во врвот на сезоната“, вели претседателот на Сојузот на туристички работници Андреас Андреадис.
Грција годинава очекува 21 милион туристи, што е зголемување за 10 отсто во однос на лани, па затоа цените се очекува и дополнително да растат. Од Сојузот потенцираат дека минатата година како резултат на кризата, цените во Грција паднале 50 отсто.
Особено зголемување на цените има во одредени туристички дестинации, како Миконос и Санторини.
Извор: Нет Прес