Зголемен бројот на туристи во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2014 година изнесува 76 419, а бројот на ноќевањата изнесува 171 097.

Бројот на туристите во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, е зголемен за 13.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 12.5%.

Бројот на домашните туристи во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, е зголемен за 13.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 13.0%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, е зголемен за 9.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 14.3%.

Во периодот јануари-мај 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.9%, а кај странските има зголемување за 4.8%. 

Во периодот јануари-мај 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.4%, а кај странските има зголемување за 5.9%.