Центарот на Охрид разубавен со нови декоративни садници

Работната единица „Расадник“ при ЈП „Охридски Комуналец“ не престанува со пријатните изненадувања за охриѓани и гостите, со воведувањето новини во украсувањето на градот. Во изминатиот период, досегашните висечки цветни декорации од видот петунија, поставени на канделабрите во централното градско подрачје, се заменуваат со нови од видот сардела. Овој цветен расад за прв пат се наоѓа во асортиманот на расадникот, а според стручните лица од оваа работна единица нашето поднебје има идеални предуслови за успешен раст и цветање.

Досега се заменети декорациите на 7 канделабри на бул.“Туристичка“ и 6 канделабри во чаршијата во близина наТЦ “Амам“. Во текот на наредната седмица, целосно ќе бидат заменети садниците и на останатите канделабри во должина на целата чаршија и плоштадот кај чинарот.