Од август во Хрватска ќе се склучуваат хомосексуални бракови

Хрватска го доби Законот за животно партнерство за лица од ист пол, според кој хомосексуалните парови ќе ги уживаат истите права како и брачните партнери, но ќе немаат право да посвојуваат деца.

Законот е донесен со 89 гласови „за“ и 16 „против“, а во галеријата на собраниската сала од страна на ЛГБТ заедницата бил поздравен со аплауз.

По усвојувањето на Законот, во Хрватска бракот, вонбрачната заедница, животното пратнерство и неформалното животно партнерство законски се признати како заедница која претставува семеен живот, велат од ЛГБТ здружението „Гордост на Загреб“. Оттаму наведуваат и дека родителскиот живот на истополните парови, од сега животни партнери во Хрватска се заштитени со Уставот, Уставниот суд , како и со Европската конвенција за човековите права.

Извор: Нет Прес