СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(55), вработен како референт за наплата и доделување на гробни места во ЈП „Градски гробишта“-Охрид, за сторено кривично дело „проневера во службата“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. На 26.06.2012 година, дошло лице во ЈП „Градски гробишта“- Охрид да купи две гробни места, при што пријавениот му рекол дека е потребно време за да изготвување на договорите за купопродажба кои лично ќе му ги однесе заедно со фискалните сметки. Притоа, истиот изготвил две фискални сметки во износ од 92.000 денари, кои ги сторнирал, а договорите не ги дал за книжење во сметководство туку ги уништил. На оштетениот му дал два фалсификувани договори со фалсификуван потпис на директорот на јавното претпријатие со што присвоил 92.000 денари.