Средба на градоначалникот Бакрачески со кинескиот амбасадор Вен Џеншун

Градоначалникот Никола Бакрачеси денеска имаше прва протоколарна средба со неодамна именуваниот амбасадор на Република Кина во Република Македонија Вен Џеншун.

На средбата, заеднички беше оценето дека Република Македонија и Република Кина имаат одлични меѓудржавни односи, кои  се добра основа за соработка меѓу градови од двете земји. Позитивно беше оценета досегашна соработка меѓу градот Далиан и Охрид и беше предложено да се воспостават пријателски односи со градот Шенжен.

Kineski_ambasador_juli_2014_4852

Градоначалникот Бакрачески го запозна амбасадорот Џеншун со можностите на Охрид за соработка во областа на туризмот, културата, стопанството, образованието и другите сектори. Амбасадорот на Република Кина во Република Македонија Вен Џеншун вети дека ќе се заложи  кај кинеските тур-оператори  кои оперираат во Европа за вклучување на Охрид во некоја од кружните тури.

Во разговорите на кои присуствуваа директорот  на фестивалот „ Охридско лето“  Елизабета Јанкуловска  и музичкиот селектор  Гордана Јосифова – Неделкоска, беше оценето дека охридскиот фестивал има одлична соработка со кинеските уметници. Во рамките на годинашното издание на фестивалот „ Охридско лето“ на 28 јули ќе настап светски познатиот  кинески виолинист Нинг Фенг, а на 19 август концерт ќе има Симфонискиот оркестар од Шенжен.

Kineski_ambasador_juli_2014_4853