Холандска донација за охридската противпожарна единица

Во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески, денеска во Територијаната противпожарна единица, беше примопредадена донацијата од противпожарната единица од градот Лејден од Холандија во вредност од околу 120 илјади евра. Донацијата се состои од 83 заштитни одела,обувки, наочари и други шпмали делови од противпожарната опрема.

donacija_pozarna_400

„Се надевам дека ова е само почеток на тесната соработка меѓу двете противпожарни единици.Им изразувам благодарност на сите оние кои изминативе неколку месеци вложија напори, да се обезбеди оваа донација и да се транспортира до Охрид,“ рече градоначалникот Никола Бакрачески.

donacija_pozarna_400_2

Командирот на противпожарната единица од градот Лејден од Холандија , Том Кот, објасни дека му претставува особено задоволство, што се реализирала оваа донација, бидејќи идејата му дошла минатата година, кога со сопругата бил на одмор и ја посетил охридската противпожарна единица.

„Кај нас опремата се менува на секои 7 или 8 години, па така сме во можност да ја донираме искористената.Ветивме дека кога ќе дојде време за менување , старата опрема ќе ја донираме во Охрид и тоа го направивме“, рече Том Кот командир на противпожарната единица во Лејден Холандија.

donacija_pozarna_400_3

За донацијата се заблагодари и командирот на Територијалната противпожарна единица Спасе Прентоски, кој рече дека во реализацијата на оваа идеја учествувале и дел од вработените, кои воспоставиле пријателски врски со холандските пријатели.

Градоначалникот Никола Бакрачески , на командирот Том Кот и на неговата сопруга која работи како волонер во противпожарната единица им врачи посебни благодарници.