Нов маркет на КАМ во Охрид во состав на пазарот

КАМ маркет во понеделник на 21 јули 2014 во 07.30 ч. ќе го отвори својот 4-ти маркет со површина од 450м2,  во состав на пазарот во центарот на Охрид.

КАМ е единствениот хард-дисконт кај нас во кој утврдениот асортиман од познати светски марки, но и сопствени марки од проверени европски и домашни производители, овозможува да одржуваме висок квалитет со постојано ниски цени на сите производи повеќе од 15 години. 

„Нашите купувачи знаат: во КАМ не плаќаат за амбалажа, за луксузна опрема и за скапа реклама. Единствено за квалитетот. Успешни сме зашто штедиме, артиклите се изложени во картони, имаме оптимален број вработени. Од секој производ многу продаваме, а малку заработуваме. Постојано го контролираме квалитетот на повеќе од 700 производи за секојдневна употреба. Нашиот централен магацин и интерна контрола овозможуваат секогаш да имаме квалитетни и свежи производи. Тоа го прави КАМ лидер во малопродажбата и доверлив партнер на повеќе од 150.000 семејства. Секој кој сака да заштеди пари додека пазарува, доаѓа во КАМ.  Проверете зошто расте довербата во КАМ.“- велат од КАМ Маркет.