ВМРО-НП: Бакрачески и ДПМНЕ ја донесоа најштетната одлука до сега

ВМРО – Народна партија испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Бакрачески и советничкото мнозинство на ДПМНЕ продолжуваат да го распродаваат имотот на Општина Охрид. Најпрво, со ненавременото доставување на материјалите за вчерашната седница тие како да сакаа некако молчејќи да ги протуркаат одлуките за затворен пазар. Иако целата опозиција побара точките да не бидат додадени во дневниот ред, согласно демократските капацитети на власта тие беа вметнати и изгласани.

Со Физибилити студијата и со одлуката за јавно – приватно партнерство за затворен пазар фактички се раскршува имотот на Општина Охрид, 85% оди кај приватниот партнер, а 15% кај општината. Ова е најлошиот економски потег со кој се распродаде имотот на Општина Охрид. Најатрактивното земјиште кое го имаше Општина Охрид ќе го даде за ништо.

Ова претставува најштетната економска одлука за градот и за граѓаните. Со ваквата одлука Општина Охрид ќе добие само 200 метри квадратни деловен простор, 10 паркинг места и тезгите. Најатрактивното земјиште ќе го земе приватниот сопственик. 

Ги прашуваме Бакрачески и локалната власт на ДПМНЕ дали првиот тендер беше намерно пропаднат со цел да се обезвредни имотот на Општина Охрид?!

ВМРО – Народна партија секогаш ќе реагира, посебно за вакви штетни одлуки од кои најмногу губат граѓаните и градот Охрид и ќе се спротивставува на ваквата погубна политика.“ – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија.