Синоќа во Велгошти беше промовирана монографијата посветена на манстирскиот комплекс„Св.Петка“од авторот Владимир Шокаровски-Шокар. Рецезент на ова дело е професорот по теологија протоереј отец д-р Стефан Санџакоски. Пред присутните се обрати авторот на монографијата, Владимир Ѓ. Шокаровски Шокар.
„Мислејќи со какво слово да ви се обратам со ова мое скромно дело, се сетив на една изрека од ненадмикнатиот писател во современата македонска литература-познатиот велгоштанец Живко Чинго.Тој рекол:: „Ваше е само тоа што ќе им го дадете на другите“.Тргнувајќи со размислувањето на оваа длабока мисла, морам да признам дека оваа монографија всушност и не е само мое дело. Таа претставува збир на сите траги кои ни оставиле во текот на времето нашите претци , разни патеписци, истражувачи, игумени и настојатели, помошници и посетители на оваа вековна света обител, посветена на римската преподобна маченичка и наша молитвеничка пред бога Света Параскева Петка. Ми претставуваше огромна чест и задоволство, а вооедно и голема одговорност, во изминатиот период да истражувам иработам на оваа монографија која сега почитувани со божја помош и по застапништвото Св.преп..маченичка Петка ја промовираме пред вас. Се останато поврзано со оваа книга го изложија многу почитуваните промотори во своите беседи, соодветно за истата.“ – рече Шокаровски Шокар.
Промотори на монографијата се Гоце Ангеличен Жура и Горан Митрески, а додека лектор е проф, д-р Благица Хаџи Јовановска.
„Монографијата посветена на манастиркиот комплекс „Св.Петка“ од авторот Шокаровски Шокар е дело кое пополнува една голема празнина, кога се работи воопшто за манастирите во Македонија. Пред ценетите читатели се презентира книга која по својата содржина заслужува респект во научниот свет. Врз користени историски извори и теренски истражувања, авторот открива чудесни цртежи, фотографии и икони, досега необјавени и истите имаат исклучително значење како за манастирот „Св.Петка“, така и за историската наука. Всушност во оваа монографија се е ново и затоа ова дело на младиот и неуморен истражувач ќе биде неодминливо во историјата на христијанството и уметноста.“– изјави промоторот на монографијата Гоце Ангеличен Жура.
Монографијата е дело кое по својата содржина е единствено и затоа веруваат дека ќе предизвика голем интерес кај кај читателите на милениумското културно наследство, а на авторот ќе му донесе голема сатисфакција за немерливиот труд што го внесол.
„Со ова авторот остава неизбришлива трага и вечно дело за идните македонски генерации, дело со кое секој велгоштанец ќе се гордее.“– додаде Ангеличен Жура.
Покровител на ова издание е Црковниот одбор при Велгошката парохија.
А.Андриоски/WebOhrid