Во заедничка акција на волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и нивни врсници – извидници од Париз, Франција, утрово беше чистена пешачката патека и просторот околу диското Парк. Овој дел, кој охриѓани и туристите го користат за пешачење, веќе подолго време наликува на мини депонија. Во акцијата беа собрани преку 20 вреќи со најразличен отпад. Акцијата ја помогна ЈП „Охридски Комуналец“ кој обезбеди вреќи за отпадот и го подигна собраниот смет.