Израел ја шири копнената офанзива во Газа, 20 нови жртви

Повеќе од 20 Палестинци се убиени  во Појасот Газа откако Израел ја прошири копнената офанзива против Хамас на 13- от ден од почетокот на судирите. Израелската страна објави дека копнената операција е неопходна за да се се уништат тунелите на Хамас ископани кај границата со Израел кои не можеле да ги уништат од воздух.

Очевидци јавија дека израелски тенкови влегле во Газа и дека стотици жители ги напуштиле своите домови.

Според болнички извори има многу тела кои лежат по улиците, но огненото оружје е премногу интензивно што оневозможува амбулантните возила да стигнат до голем дел од областа.

Извор: Нет Прес