Едукативни флаери за младите возачи – „алкохол и волан – најлоша комбинација“

Податоци за бројот на загинати во сообраќајните незгоди во Република Македонија за периодот од 2006 до 2013 година, говорат дека процентот на загинати во сообраќајни незгоди на 100.000 жители за изнесува 7,8%. Притоа, според возрсата најголем број од настраданите се од 21 до 24 годишна возраст. Токму поради тоа МВР во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата продолжува со низата превентивни активности пред се кај маладата популација во насока на зголемување на степенот на сообраќајна едукација и култура кај учесниците во сообраќајот и генерално за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Ова го нотираше министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска којашто синоќа на фреквентната скопска сообраќајница “Орце Николов“ заедно со претставници на РСБСП на помладите учесници во сообраќајот им делеше флаери со едукативна содржина – “алкохол и волан најлоша комбинација“ а во рамки на акцијата “Летна кампања 2014 година“, која се реализира во текот на овој и идниот месец.

Имено според статистичките согледувања и анализи најголемиот број тешки сообраќајни несреќи се случуваат во населените места во текот на овие два летни месеци, и во деновите петок и сабота кога младите се најактивни.

Во просек за периодот од осум години (од 2006 до 2013) година, во Република Македонија годишно во сообраќајни несреќи настрадале во просек по 157 лица. Во текот на минатата година се случила вкупно 4.236 сообраќајни незгоди со потешки последици а во 144 од нив возилото го управувале лица под дејство на алкохол.

За првите шест месеци од оваа година се случиле 1.753 сообраќајни незгоди со фатални последици во кои загинале 64 лица, а преку 403 лица се здобиле со тешки  телесни повреди додека пак 2028 лица се здобиле со телесни  повреди. Од извршените сообраќајни контроли пак во овој шестмесечен период констатирано е дека во просек неделно над 200 возачи управуваат возило под дејство на алкохол.

Во рамки на МВР дефинирани се низа пред се превентивни активности особено за контрола на загрозувачкит прекршоци во сообраќајот на патиштата (со посебен акцент на прекршокот алкохол), кои ги прават младите  возачи, и истите секојдневно ќе се спроведуваат на контролни места односно делници каде најчесто се чинат прекршоците. Исто така се организиираат и спроведуваат засилени акциски контроли, најмалку една во текот на неделата, при што во план е да се поделат преку 50.000 флаери на младите возачи. A