„Алфите“ приведоа силувач

СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје, поденесе кривична пријава против М.Л.(27) од Скопје, поради основано  сомневање дека на 18 овој месец извршил кривично дело “силување“ врз 44-годишно женско лице, која пред извршувањето на кривичното дело, грубо физички и психички ја малтретирал, нанесувајќи и телесни повреди по главата и телото.

Кривично правниот настан се случил ноќта на 18.07. во домот на жртвата во Скопје каде како соседи кои меѓусебно се познават, живеат сторитетелот и жртвата. Во критичното време оштетената, која живее во куќа била сама дома и гледала телевизија и сите врати и прозорци од куќата биле затворени, освен еден прозорец од кујната. Околу, 01 часот, таа се упатила кон кујната, каде и била нападната од М.Л., кој влегол преку отворениот прозорец и пришол позади грб и затварајќи и` ја устата со рака ја одвлечкал во спалната соба.

Таму прво околу 30-тина минути психичи и физички ја малтретирал, нанесувајќи и телесни повреди по главата и телото, а потоа присилно извршил обљуба врз неа, при што цело време додека  траела обљубата и ја држел устата затворена со рака, а со другата ја давел. По речиси 40-минутното, психичко, сексуално и физичко малтретирање, пријавениот не си заминал, а жртвата успеала да го убеди да ја пушти да оди во тоалет, на што истиот се согласил, а таа го искористила моментот и преку надворешните скали од куќата се качила кај мајка и, која живее на првиот спрат од куќата, од каде повикале полиција.

По пријавувањето на настанот на лице место пристигнале полициски службеници од СВР Скопје, кои криминалистичко технички го обработиле местото на настанот и целокупниот подигнат материјал е предаден на вештачење. Во моментот додека жртвата телефонски го пријавувала настанот, видела дека М.Л. бега, но истиот по кусо време е пронајден и лишен од слобода од страна на  полициски службеници на Единицата за прв одговор и интервенција-АЛФА.

Инаку, М.Л.и претходно е кривично пријавуван како сторител на деликти проследени со насилство, имотни деликти, нарушувања на јавниот ред и мир, како и сообраќајни прекршоци предизвикано од управување под дејство на алкохол.