Металург преживеа во БиХ

По нерешениот прв дуел 0:0 на Арената „Филип Втори“ во Скопје, денес Металург гостуваше во Сараево, Босна и Херцеговина против Железничар.

Железничар тргна офанзивно и дојде во водство од 1:0 уште во 16 минута со автоголот на Додевски. На почетокот од второто полувреме поточно во 54 минута Бајиќ го зголеми резултатот на 2:0.

Металург можеби го направи невозможното, бидејќи по водството на домаќинот од 2:0 сите мислеа дека тоа е крајот за Металург во евро-натпреварувањата за оваа сезона. Но, нашиот тим тргна храбро. Во 57 минута беше досуден пенал кој не го реализира Симоновски, а веќе во 62 минута Радески го намали резултатот на 2:1. Во финишот на натпреварот од слободен удар од околу 20 метри, Крстев биеше прецизно и го постави конечниот резултат Железничар 2:2 Металург.

Во следната рунда Металург ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Будуќност (Црна Гора) и Омонија Никозија (Кипар).

WebOhrid