Најмалку 66 луѓе се повредени откако се превртела и експродирала цистерна со гас во Југоисточна Турција, јави Анадолија, пренесе МИА.
Несреќата се случи вчера, а од експлозијата и пожарот беа зафатени и два автобуси и други превозни средства на патот во близина на градот Лиџе, на околу 150 километри северно од Дијабекир.
Околу 20 повредени се во тешка здраствена состојба.
Извор: Нет Прес