„Струга – 2014” – Културно планирање за урбан развој во туристички и креативни градови

Утре во Фоајето на НУ Дом на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со почеток во 11 и 30 часот ќе се одржи „Струга – 2014“ – Културно планирање за урбан развој во туристички и креативни градови.

Градоначалникот на Струга, Зиадин Села , како и еминентните историчари  Владо Поповски и Скендер Асани, ќе зборуваат околу грижата за заедничкото минато, како и заедничкото културно и духовно наследство на заедниците во Македонија.  Посебно внимание ќе им се посвети на монументите кои секојдневно ни пренесуваат пораки во корист, а често и на штета на денешнинцата, сето ова ставено во контекст на градот Струга, денеска и овде.  

Настанот се организира во рамките на патувачката изложба МОНУМЕНТИ, од страна на германската организација Форум Цивилен Мировен Сервис (Форум ЗФД) и во соработка со „ДРИМ ОН“ Фестивалот.