Двокатниот панорамски автобус повторно ставен во функција

По тридневен прекин, од денес панорамскиот автобус со кој стопанисува ЈП „Билјанини Извори“, повторно е ставен во функција. Дефектот кој се јавил во електрониката, беше отстранет од официјалниот сервисер од Скопје и автобусот ќе може да се користи за туристички разгледи на Охрид и крајбрежјето.