Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Изминативе неколку дена екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани со косење на трева и чистење на улиците и тротоарите од зараснатите трње на неколку локации, информираат од претпијатието.

„Беше исчистен патот према плажите каде што беа исечени гранките кои висеа над тротоарите и беше искосена тревата. Се средуваше игралиштето во Велгошти пред почетокот на турнирот за мал фудбал, и се косеше во с. Долно Лакочереј. Се уреди и на улиците „Ванчо Питошески” и на пресекот на ул. „Крум Точков” со ул. „Гоце Делчев”.“ – додаваат од ЈП „Охридски Комуналец“.