Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (“Службен  весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 28 Јули 2014 година (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.