Драмски театар ја отслика лакомоста што владее насекаде во светот

Алчноста, материјализмот, лакомоста како универзални и актуелни теми претставени на гротескен јазик, не ја оставија рамнодушна публиката на „Охридско лето“ која синоќа имаше чест премиерно да ја види театарската претстава „Ждрело“изведба на Драмски театар-Скопје.

Претставата на текстот е универзална и актуелна. Се однесува на она што во моментов се случува буквално низ целиот свет-материјалистичко-лакома алчност. Беше доловен порокот на потрошувачката психологија којашто му е наметната на светот, со лакомоста, алчноста за пари, како компензација за нешто што недостасува.

zdrelo8

Според селекторот на драмската програма на „Охридско лето“,  Ѓорѓи Јолевски, оваа тема е една од суштинските за секој театар.

„Оваа екипа составена од внатрешни актери е всушност амалгам со кој естетиката на Жанина Мирчевска преку визијата на Бузалковска доаѓа на сцената на Драмски театар. Исклучително необична претстава којашто за мене е некаков вид рефлексија на постмодерната од 80-тите години која во некакво ново руво,“ вели Јолевски.  

Интересна и ретка можност беше да се видат и маските во претставата и атрактивната сценографија, која беше комплетирана еден месец пред премиерното прикажување во Охрид, што исто така ретко се случува на македонската театарска сцена.

Драмски театар Скопје секоја година изведува претстави од домашни автори и промовира големи имиња на македонската драматика.

zdrelo 7