Управител на ФОД Дооел Новаци АД ЕЛЕМ ја оштетил компанијата за 7.060.727 денари

ОСОСК при МВР по претходно спроведена истрага, поднесе kривична пријава до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје против лицето А.П. (37) од Битола, вработен во Фабрика за опрема и делови ФОД Дооел Новаци АД ЕЛЕМ Скопје, за сторено кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.5 од КЗ.

Пријавениот, во својство на службено лице – управител на Фабрика за опрема и делови ФОД Дооел Новаци АД ЕЛЕМ Скопје, односно како одговорно лице во наведниот договорен орган, со искористување на својата службена положба и овластување, а во врска со постапка за доделување на договор за јавна набавка, по објавен јавен оглас од април 2012 година – за набавка на гумени елементи за валци – спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и условите на објавениот оглас, на 11.09.2012 година склучил Рамковен договор со “Технопродукт“ Дооел Гевгелија.

Иако предметната постапка за јавната набавка била обжалена и не била завршена, а Државната комисија за жалби по јавни набавки со Решение од 31.10.2012 година ја поништила набавката, пријавениот А.П., наместо да го раскине незаконски склучениот договор, со пречекорување на границите на своето службено овластување, дозволил да се изврши реализација (испорака на стоки) по основ на склучениот договор, со што нанел штета на “ФОД“ Дооел НовациАД ЕЛЕМ Скопје во вкупна вредност од 7.060.727 денари, со што сторил кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.5 од КЗ.