Најсовремен фудбалски терен на вештачка трева се гради во Охрид

Во тек се градежните активности за подигање на фудбалското игралиште на вештачка трева кое ќе функционира во рамки на ЈП „Билјанини извори“ . Во моментов се тампонира целиот потег по што ќе биде поставена вештачката трева.

Тампонирањето,порамнувањето и нивелацијата на теренот го врши градежната оператива на ЈП „Нискоградба“. Ќе бидат поставени меѓу 1 700 и 2 000 кубни метри тампон што претставува најголем оперативен зафат на Општина Охрид за ваква намена.

Теренот односно вештачката трева е донација на европската куќа на фудбалот УЕФА а останатиот дел од проектот е под целосна финансиска капа на Општина Охрид.

Надзорот на проектот го врши Секторот за комунален развој при Општина Охрид и официјални лица на УЕФА,кои на 30-ти јули ќе го извршат својот втор инспекциски надзор на теренот.

Проектот се очекува да биде готов до крајот на оваа календарска година по што Охрид ќе го има најсовремениот фудбалски терен на вештачка трева кој може да биде магнет за развивањето на спортски туризам и подготовки на голем број, пред се фудбалски екипи во зимскиот и летниот припремен период. Со подигањето на фудбалското игралиште на вештачка трева нов привлечен лик ќе добие запуштениот простор во непосредна близина на каналот Студенчишта каде е предвидено ова фудбалско игралиште .

Igraliste_vestacka_treva_4851