Ротаракт клубот од Охрид се дружеше со членовите од ротаракт клубот од Србија

Минатите денови Ротаракт Клубот Охрид го имаше задоволството да се дружи со членовите од Ротаракт Клубот Прокупље од Србија кои пристигнаа во Охрид како гест на братство, пријателство и благодарност за организирањето на донаторската акција поради катастрофалните поплави кои неодамна ги зафатија нашите соседни држави.

Ротаракт Клубот од Прокупље изрази благодарност поради иницијативата за донаторска акција на Ротаракт Клубот од Охрид и навивачката група „Рибари” од Охрид, а секако особено голема благодарност изразија на граѓаните на Охрид и неговата околина и на сите оние кои се затекнаа тука и зедоа активно учевство и донираа со желба да се помогне во тие тогаш тешки денови за погодените подрачја.

Во заедничката дружба на двата клуба и навивачката група „Рибари” се разменаа искуства за работата и функционирањето на клубовите и се разговараше за понатамошни идеи и планови за проекти и активности кои би ги зајакнале и така добриете односи на нашите држави и општества.