Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид од денес започна со стопанисување со паркинг просторот на улица „Кеј Маршал Тито“.
Исто така врз основа на Одлука донесена од страна на Советот на Општина Охрид, намалена е цената на чинење на услугата паркинг и тоа: во зона А цена на услугата паркинг досега изнесуваше 40 денари првите два часа (секој нареден час 30 денари), истата е намалена на 30 денари првиот час (секој нареден час 20 денари) и за паркинг во зона Б цената е намалена од 30 денари првите два часа (секој нареден 20) на 20 денари.