ВМРО – Народна партија денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели:
„Бакрачески пред само година и пол, во занес од влезот во политиката, впрочем како и сите почетници, пред охриѓани ветуваше брда и долини за Охрид. Кога гласачите го гледаа како настапуваше во изборната кампања на локалните избори, мислеа дека Охрид ќе стане светска туристичка дестинација.
Ајде, за минатата сезона се вадеше дека краток бил периодот да се организира неговиот тим за успешна летна туристичка сезона ама што ги спречи годинава? Дали сите претходни градоначалници се криви што и денес Охрид е празен? Точно во шпицот на сезоната, Бакрачески и неговиот тим ни велат дека Охрид нема визија како да ги привлече туристите.
Каде е програмата на Бакрачески, каде е знаењето за кое викаше дека го поседува за да го извади од црниот мрак кој, како што милуваше да каже, го зафатил Охрид. Што Бакрачески и ДПМНЕ нудеа пред граѓаните пред само една година?
Баш во средината на најслабата сезона се сетија дека треба да го рушат мостот кој води до Канео. Го прашуваме Бакрачески јавно да одговори дали ќе го урне и мостот кај Градиште, кој е далеку понебезбеден и во полоша состојба од тој кај Канео?
Искрено се надеваме дека Бакрачески и неговиот тим ќе бидат подготвени за наредната сезона и дека кривицата нема да ја бараат во некој друг. Народот им даде мандат за да ги решаваат проблемите, на не да се жалат на минатото.“ – стои во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО – Народна партија Охрид.