White Explosion до 1-ви Август со експлозивна цена

Промотивната цена на влезниците за единствената White explosion журка во Охрид за ова лето, која што ќе се случи на 2 Август на плажата Немо, останува со промотивна цена од 250 денари до 1 Август. На 2 Август оваа експлозивна забава во бело ќе ве чини 300 денари.

Sak Noel од Шпанија и Sandy Rivera директно од Њујорк во Охрид доаѓаат за да ја доближат оваа туристичка дестинација до најголемите центри на забавата во светот. Дрес код кој што налага задолжително бело е само причина за да на забавата сите се чувствуваат како едно.

Loca People на Sak Noel кој што го лансираше на првите места на листите во Белгија, Австрија, Данска, Шпанија и Полска и “Fall for you”, “It’s only you””I can’t stop” на Sandy Rivera или Кралот на утрешнината ќе бидат музичка поддршка на танчерките, пена party, специјалните светлосни ефекти и забавата на која и се знае само почетокот.

Sak Noel и Sandy Rivera, поради густиот распоред на настапи ширум светот, во Охрид доаѓаат на денот на настапот и заминуваат веднаш по него. Единствените импресии што ќе ги понесат од овој македонски град, ќе бидат оние кои што ќе ги добијат за време на журката.

Влезниците за ова екстремно доживување во бело кое што според најавата ќе трае повеќе од експлозивни 6 часа можете да ги најдете во продажната мрежа на купи карти за се, Југотон, цвеќара Розе Веро 2, Камарад – Рамстор како и низ локалните киосци и кафулиња во Охрид.