Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат. Регулаторната комисија за енергетика денес одлучи, дизелот да поевтини 0,5 денари, додека бензинот денар и пол по литар.
Еден литар на ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за еден денар и ќе се точи по 80 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) по 67 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари по литар и ќе се продава по 81,5 денари. Овие цени ќе важат следните две седмици.