Германската компанија „ODW Elektrik“ нов промотор на Охрид

Десетте  вработени во германската компанија  „ODW Elektrik“  од Охрид кои од 21-ви јули се на работна обука  во Украина, денес како што велат за WebOhrid, покрај редовните вежби и предавања одржале еден поинаков семинар.

На семинарот, кој бил на тема „Целокупното историско богатство“,  тие го претставиле Охрид како културно историски туристички центар.

Прикажани биле слики од нашиот град, се разговарало и за црквите, како и за останатите историски знаменитости.

Исто така,  на средбата станало збор и за плажите како атрактивна тема, за ноќниот живот во Охрид и слично.

WebOhrid