Од градскиот кеј подигнати 30м³ отпад

Како последица на силниот ветер од јужен правец на градскиот кеј беа натрупани големи количини комунален отпад. Во изминативе два дена ЈП „Охридски Комуналец“ подигна 30м³ отпад од градскиот кеј, на потегот од пристаништето до Холанскиот Парк.

Беше ангажиран ровокопач, два камиони за утовар и одвоз на отпадот, тројца комунални работници кои рачно од езерските води го расчистуваа отпадот и 10 метачи.

Од езерските води подигнати се огромни количини пластични шишиња, хартија, трска и друг вид отпад.

На лице место увид изврши и Општинскиот инспекторат, по чиј налог се спроведоа овие активности.