Еден 85 годишен дедо му се фали на докторот дека затруднела неговата млада жена. Докторот го потапкал по рамото и му рекол:
– Да ти раскажам една приказна дедо… Отишол ловецот во шумата, пред него излегла мечка, сакајќи да ја земе пушката приметил дека по грешка го зел чадорот. Го вперил чадорот кон мечката и бум, за чудо чадорот испукал еден куршум и ја убил мечката!
Дедото на тоа:
– Тоа е невозможно! Сигурно имало некој до него или зад него со пушка, а тој не го приметил тоа.
– Токму така дедо, токму така…