Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, изнесува 100.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9.1%), Градежништво (7.6%) и Административни и помошни услужни дејности (4.9%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (26.2%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.2%) и Информации и комуникации (3.5%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2014 изнесува 31 429 денари. Во мај 2014 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.