Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против А.С. (25) од струшкото село Велешта и С.У.(28) од струшката населба Теферич, поднесе кривична пријава.
На 29-ти овој месец, при преглед на ташна сопственост на второпријавената С.У. пронајдени се вкупно шеснаесет опаковки со опојна дрога хероин завиткани во жолта најлонска фолија а наменети за натамошна продажба на наркозависници од Струга и Охрид. Прегледот е извршен околу 18 часот по претходни оперативни сознанија дека С.У. во близина на хотел во центарот на Струга остварува контакт со наркозависници и врши препродажба на хероин.
С.У. секојдневно остварувала контакт со првопријавениот А.С. од кого редовно добивала по 20 опаковки со хероин по што таа телефонски со наркозависници договарала место за продажба и преземање на дрогата. Парите од продажбата потоа му ги предавала на А.С. за што добивала 1000,оо денари независно од бројот на продадените опаковки хероин.
При извршен претрес во домот на А.С. а по наредба на Основниот суд во Струга, пронајдена е една дигитална вага и испратена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.