Амбасадорот на Македонија во Чешка Паскал Стојчески во работна посета на општина Охрид

Амбасадорот на Република Македонија во Република Чешка, Паскал Стојчески во рамки на неколку дневниот престој во Охрид, денес е во посета на Општина Охрид, при што оствари работна средба со раководителот на секторот за поддршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски. На средбата беа истакнати заложбите на амбасадорот Стојчески за поврзување и блиска соработка во областа на културата, туризмот, образованието , меѓу двата градови кои се под капата на УНЕСКО, македонскиот- Охрид и чешкиот – Чешки Крумов.

Инаку во Чешка има 14 споменици кои се под заштита на УНЕСКО а Чешки Крумов е единствениот град кој е под целосна заштита на оваа престижна организација. Тој е вториот чешки град после Прага кој е посетуван од туристи а има 15 000 жители. Чешки Крумов изобилува со културно историски знаменитости а најновата зграда потекнува од 17 век.

Заложбите на македонскиот амбасадор во Чешка, Паскал Стојчески, за воспоставување блиски односи во повеќе сфери меѓу Охрид и чешки град со можност и со заеднички проекти да се настапува пред ИПА фондовите следат по пролетната работна посета на градоначалникот Никола Бакрачески во Чешка.

Инаку, на денешната средба амбасадорот Стојчески го информира раководителот на секторот за поддршка на Градоначалникот, Зоран Рафтоски дека како што било ветено во тек се активностите за снимање на филмот за Светите Наум и Климент во продукциското студио во Прага “Thre Brothers“, што Градоначалникот Бакрачески го посети заедно со амбасадорот Стојчески при пролетната работна посета во Чешка.

На денешната средба меѓу другото се разговараше и за можноста во Охрид да организира презентација на туризмот пред гости од Чешка што во иднина би значело и поголем број туристи од оваа земја во нашиов град.

ambasador_stojceski_400