ЈП „Билјанини Извори“ ги известува сите граѓани на Охрид, правни субјекти и корисници на јавниот паркинг простор со кој стопанисува претпријатието, дека од денес, (01.08.2014) ЈП „Билјанини Извори“, согласно дејноста која ја извршува, започнува со економско оперирање на паркингот кај поранешниот полигон за мали спортови. Паркингот е дел од зоната Б, така што еден час паркирање на овој паркинг изнесува 20 денари.