Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), Скопје, во периодот Јануари 2014 – Јуни 2015 година ќе го спроведуваат проектот „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија”. Во склоп на проектот, „Грашница“. Утре, на 2 август, се организира Еко-караван по патеките на Илинска-Плакенска Планина. Еко-караванот опфаќа тргнување со возила од Охрид, попатно застанување во неколку села во Дебарца, сликање и собирање растителни видови, изработка на хербариум, изложба и одржување информативен ден на локалитетот Илинска Црква. Целта на настанот е да ја подигне свеста на населението и да информира за значајни растенија од флората на Илинска-Плакенска Планина кои имаат медицинско/комерцијално значење, односно се експлоатираат најмногу од страна на локалното население На настанот ќе се делат информативни материјали и ќе се дискутира со присутните луѓе кои се заинтересирани за флората (собирачи на билки, потенцијални собирачи, заинтересирани граѓани и др.).
Во состав на настаните е и отворениот конкурс за фотографии кој има цел откривање ретки/заштитени/загрозени растителни видови од флората на Илинска-Плакенска Планина. Имено секој граѓанин може да ни испрати најмногу по 5 фотографии од флората на Илинска-Плакенска Планина кои треба да се испратат по мејл најдоцна до 10 август 2014 г. На мејлот од Грашница: grasnica@yahoo.com. За оние кои ќе фотографираат такви растенија ќе има пригодни награди. Од фотографиите на кои има растенија со некакви значење: редок, загрозен, ранлив и сл. статус ќе се направи изложба на повеќе локации во Охрид во текот на август и септември 2014 г.
Еко-караванот е отворен за сите заинтересирани кои можат да ни се придружат со сопствени возила, со тргнување во 09.00 ч. пред просториите на друштвото, ул. Димитар Влахов бр. 60 (во зградата на партиите, наспроти итната медицинска помош).