ЈП „Билјанини Извори“ ги поканува сите љубители на ракометот и спортот, сите граѓани на Охрид, туристи да бидат дел од финалните натпревари од светското првенство во ракомет кадети – жени. Натпреварите ќе се играат утре (недела) 03 08. 2014 година и тоа натпреварот за трето место ќе стартува во 14 30 додека натпреварот за прво место , големото финале ќе се одигра со почеток од 17 часот. Во малото финале ќе играат соодветните репрезентации на Црна Гора и Данска додека учесници на финалниот натпревар се екипите на Романија и Германија. Влезот е слободен така што Ве повикуваме сите заедно, во што поголем број, да бидеме дел од финалните натпревари во Спортската сала Билјанини Извори со што ќе и покажеме на ракометната, македонска и светска јавност, дека Охрид заслужува и во иднина да биде град домаќин на големите ракометни првенства и натпревари.