По повод Денот на Реупбликата, СВР Охрид, испрати честитка до сите граѓани, во која стои:
„По повод 2 Август-Илинден денот на Републиката, прославувајќи ги двата историски Илиндена-111 години од Илинденското востание и 70 години од АСНОМ, до сите граѓани упатуваме искрени честитки за среќен и долговечен празник.
Како служба, оддавајќи почит кон слободарските традиции на Македонскиот народ, идеалите на Илинден и АСНОМ, и понатаму, професионално продолжуваме во заштита и унапредување на човековите слободи и права и во сузбивањето на криминалитетот. Градиме партнерски однос и блискост со граѓаните и работиме на заштитата на вистинските вредности на нашето општество.
Посветени сме кон изградбата на демократска заедница на рамноправни граѓани, градиме стабилен безбедносен систем кој успешно ке се справува со новите безбедносни предизвици, и кој ке ја зацврсти Република Македонија како модерна, безбедна и европска држава.“– стои во честитката.