И годинава во прекрасниот Галичник од 7-ми до 9-ти август, по дваесетти пат ќе се оддржи традиционалната Галичка книжевна колонија, која има и меѓународен карактер.
Во рамките на книжевната колонија ќе се одржат повеќе литературни приредби, поетски читања, чевствувања и промоции, како и симпозиум на тема „Од што се прави поезијата“.
Управниот одбор на Здружението за литература, култура и уметност Галикул, во годинешната програма ги вклучи писателите: Венко Андоновски, Елена Пренџова, Пере Ристески, Владимир Мартиноски, Весна Мојсова- Чепишевска, Јовица Тасевски-Етернијан, Соња Стојменска- Елзесер, Ферид Мухиќ, Димитар Пандев, Радован Павловски, Тодор Чаловски и др.
Реализацијата на Галичката книжевна колонија финансиски е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.