Виолинистот Кирил Трусов вечерва по трет пат на Охридско лето

Руско-германското дуо Кирил и Александра Трусов вечерва ќе одрќат концер на фестивалот „Охридско лето“. Познатиот виолинист и неговата сестра која ќе му биде пијано придружба, како што најавуваат од фестивалската дирекција, ќе приредат незаборавно доживување за публиката.

Според селектрот на музчката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифива Неделковска, Кирил Трусов одамна ја достигна светската слава на најпрестижните музичи сцени,а како показател за ова е неговиот настап на еден од познатите светски фестивали, „Вербие“ во Швајцарија кадешто тој го имаше неговиот последен настап.

„Оттаму право во Охрид е вистински показател дека на „Охридско лето“ ги имаме најголемите светски уметници. Иако во концептот на фестивалот имаме интенција секоја година да покануваме уметници коишто никогаш досега не биле на фестивалот, нови и нови имиња, вечерва ќе имаме исклучителна можност да чуеме уметници кои се веќе добро познати на нашата фестивалска публика. Ова прекрасно дуо има настапено на „Охридско лето“ во 2008 и 2010 година и навистина публиката ги памети како дуо коешто приредува концерт за паметење. Ова беше причина повеќе, повторно да бидат наши гости и да приредат уште едно уметничко изненадување за нашата почитувана фестивалска публика“-изјави Јосифова Неделковска.

И виолинистот Кирил Трусов задоволен што по трет пат настапува на „Охридско лето“. Вели, секоја година од Охрид носи нови и прекрасни спомени, како за градот, така и за фестивалот.

„По трет пат сум тука. Првиот пат кога дојдов се сеќавам на сцената на која свирев, на публиката, на рестораните покрај езерото. Вторит пат ги збогатив спомените. Во овој период од годината секогаш се сеќаваме дека ова е период за фестивалот „Охридско лето“ – рече виолинистот Трусов.

Како што објасни, започнал да свири на нормална, обична виолина, а потоа и на Страдивариус-виолината.

„Тоа не е мој инструмент. Во основа сите овие виолини припаѓаат на одредени инвеститори илипак банки. Навистина е чест да се свири на Страдивариус. Јас почнав со нормална виолина која е еден модерен инструмент, а на 17 години се префрлив на Страдивариус- виолината. Разликата е мала но многу значајна. Споредбата е како кога возите формула еден. Кога ја возите ги имате сите нијанси, сите звуци, за разлика од користењето нормално превозно средство“-дополни Трусов.

Вечерашниот концерт ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата ќе бидат композиции од француски и руски композиции.