Бесплатни термини за спортување во Спортската сала „Тодор Александров“ – Велгошти

Велгоштани имаат можност слободно и бесплатно да ја користат спортската сала „Тодор Александров“ при ОУ „Живко Чинго“, Велгошти.

За сите кои се заинтересирани за спорт и рекреација, бесплатните термини се секој понеделник и секоја сабота од 21:00 до 22:00 часот.

„Ги покануваме сите оние кои сакаат да се дружат, да спортуваат и да се рекреираат во Спортската сала „Тодор Александров“. “ – велат од училиштето.

WebOhrid